World News in Macedonian

Започна опозицискиот протест во Белград

Пред Народното Собрание во Белград започна протестот на опозицијата „Сите како еден – 1 од 5 милиони”. Во Собранието на Србија се наоѓаат полицајци.


Лидерите на Сојузот за Србија апелираа до граѓаните мирно да го искажат своето незадоволство од „режимот на СНС”.

Според најавите од Сојузот, опозицијата ќе ги прочита нивните барањата, а на говорницата ќе се обратат лидерите на опозицијата и јавни личности.


Александар Мартиновиќ од Српската напредна партија рече дека пратениците ќе останат во Собранието и ќе го штитат од оние кои, како што рече, би сакале да ги преземат институциите и власта во Србија преку насилство, закани и уцени.

Читайте на сайте