World News in Macedonian

Ципрас: Грција повеќе не е „црна овца” на Балканот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата 16 + 1, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина,

неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата.


Ципрас изјави дека Грција ецентарот на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.


„Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца” на Европа, без пристап до големите предизвици и случувањата во регионот и во конфликт со своите соседи, рече Ципрас, додавајќи дека Грција е денес земја која сите ја признаваат, која излезе од големи економски тешкотии и проблеми и ја врати репутацијата.


 


 

Читайте на сайте