Косово- жените повратнички од Сирија пуштени од притвор, остануваат под истрага
Сите 32 жени кои се вратија од боиштата во Сирија во Косово се пуштени од притворскиот центар за странци и сите се под истрага поради сомнение за учество во терористички организации или странски боишта, потврди за Радио Слободна Европа специјалниот обвинител Суљ Хоџа. Тој додаде дека истрагата за нивќе продолжи.
Во тој центар покрај жените беа сместени и 74 деца.Жените и децата беа дел од групата од вкупно 110 лица која ноќта меѓу петокот и саботата пристигна во Косово со авион со американски обележја.Како што објави директорот на полицијата на Косово, Рашит Ќаљај, меѓу нив имало и четворица борци на Исламска држава, кои веднаш биле уапсени и им е одреден притвор.
Над 300 косовски државјани се проценува дека заминале во Сирија во изминатите шест-седум години за да војуваат на страната на исламските екстремисти. Над 70 од нив се убиени, додека голем број жени и деца останаа и натаму во воените зони.