World News in Macedonian

Бугарскиот претседател Радев му честиташе на Пендаровски

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, испрати честитка до Стево Пендаровски, по повод неговата победа на претседателските избори во Република Северна Македонија, јави БГНЕС.


Радев му посака успех и храброст на новоизбраниот претседател во период, како што наведе, во кој на Северна Македонија и претстои да исполни важни задачи на патот за членство во Европската Унија и НАТО.


Радев нагласи дека Бугарија останува конзистентен поддржувач на европерспективите на Северна Македонија.

Читайте на сайте