Иран повика на мерки од светските сили против санкциите на САД
Иранскиот претседател Хасан Рохани порача дека земјата ќе продолжи со збогатувањето ураниум доколку светските сили не ги заштитат нејзините интереси наспроти американските санкции.
Во обраќање до нацијата тој им даде рок од 60 дена на потписниците на нуклеарниот договор Британија, Франција, Германија, Кина и Русија да преземат мерки за да го заштитат нафтениот и банкарски систем на Иран. САД пред една година се повлекоа од договорот.