Синот на принцот Хари и Меган Маркл се вика Арчи
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган соопштија дека нивното бебе ќе се вика Арчи Харисон Моунтбатен- Виндзор. Агенцијата Ројтерс јавува дека двојката попладнево во дворецот Виндзор и го претставиле на Кралицата Елизабета Втора нејзиното осмо правнуче. Меган Меркл се породи на шести мај.