World News in Macedonian

Помпео и Лавров- остануваат разликите меѓу Вашингтон и Москва

Американскиот државен Мајк Помпео и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров заклучија дека остануваат многу разлики меѓу Москва и Вашингтон, но дека разговорите што се одржаа денеска во руското одморалиште Сочи се чекор напред кон подобрување на билатералните односи. Помпео и Лавров зборуваа на заедничката прес конференција по средбата. Тие рекоа дека разговарале за различни теми меѓу кои и нуклеарното разоружување, договорот со Иран и регионалните акции на Техеран, ситуацијата во Венецуела, Сирија и други меѓународни прашања. Според американскиот секретар било отворено и прашањето за руското мешање во внатрешните работи на Соединетите Американски Држави.

Читайте на сайте