Трамп негира дека планира да прати војници на Блискиот исток
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ги нарече лажни вести пишувањата во Њујорк тајмс во кои се наведува дека Белата куќа разработува план за можно распоредување на 120 000 војници на Блискиот исток, во случај Иран да ги нападне американски сили или да го забрза развојот на нуклеарното оружје.
“Мислам дека тоа се лажни вести, ок? Сега дали би го направил тоа? Апсолутно. Но немаме план за тоа”, рече Трамп денеска зборувајќи во Белата куќа.
Тој додаде дека се надева оти нема да имаат план за тоа, но дека ако имаат ќе пратат “ѓаволски повеќе војници од тоа”.
Цитирајќи неименувани извори во администрацијата Њујорк тајмс вчера објави дека вршителот на должност министер за одбрана на САД Патрик Шанахан претставил такви планови на состанокот минатата недела со главните советници за безбедност на Трамп.