World News in Macedonian

Пендаровски стави потпис на 21 закон кои не ги потпишувал Иванов

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од неговиот претходник Ѓорге Иванов. Од неговиот кабинет информираат дека меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции.


Пендаровски, како што се наведува во соопштението, смета дека тие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на земјата.

Читайте на сайте