World News in Macedonian

Австриската полиција приведе 14 Балканци за трговија со дрога

 Полицијата во Австрија приведе 14 осомничени лица од Балканот и заплени дрога во вредност од 8,6 милиони евра. Кај приведените биле пронајдени околу 112 килограми кокаин, 71 килограм амфетамини и 19 килограми марихуана.


Полицијата соопшти дека станува збор за мафијашки огранок, чии врски досегнуваат до Јужна Америка, од каде што го  набавувале кокаинот. 


Истрагата ширум Европа, под раководство на австриската полиција, уште во 2017 година влезе во трагата на оваа српско-црногорска група, која ја следеле со месеци.

Читайте на сайте