Русија е важна земја која треба да учествува во решавањето на глобалните проблеми, а не да биде еден од нивните извори, изјави во вторникот претседателот на САД Барак Обама.
Министерството за одбрана на РФ изјави дека системот на Европската ПРО
Елементите од американскиот систем за противракетна одбрана во Европа се наоѓа во Полска и Романија, и можат да пресретнат интерконтинентални балистички проектили (МБР) и балистички ракети на подморници не само во средниот, како што тврдат САД, ами и во почетниот дел од патеката на нивниот лет. Ова беше соопштено на 11 октомври од претставници на Генералштабот на Министерството за одбрана на РФ по новото моделирање на борбените... Читать дальше...
„Овде сум (во Сирија) од самиот почеток и никогаш не сум размислувала да отидам некаде. Да, се разбира, ми беше нудена можност да ја напуштам Сирија, или поточно да избегам од Сирија, а понудите подразбираа гаранции на безбедност и заштита на моите деца, па дури и финансиска сигурност. Меѓутоа, не треба да се биде генијалец за да се сфати вистинската цел на таквите понуди кои всушност не се грижат за моето добро, ниту за доброто на моите деца. Се работи за смислени обиди на луѓето во Сирија да им се разниша довербата во претседателот“... Читать дальше...
„Се сеќаваме како на 17 септември Американците наводно по грешка, како што потоа зборуваа, ги нападнаа сириските владини трупи опколени од ИДИЛ кај Деир ез Зор. Преговорите кои траеја во тоа време речиси секојдневно беа искористени од Вашингтон за купување на времето кое беше потребно за да се регрупираат милитантите. Денес го гледаме резултатот: сѐ повеќе и повеќе групи на сириска територија со кои работеа САД се спојуваат со „Џебхат ан Нусра“, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ, пренесува „Взгљад“. Читать дальше...
Египет се обрати до Русија со барање за испорака на хеликоптери Ка-52К за „Мистралите“, соопшти заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Анатолиј Пунчук, пренесува РИА „Новости“.
„Сега успеавме да ја стабилизираме економијата, но нашата цел е, се разбира, пошироко и повеќе – да постигнеме одржливо темпо на раст. Затоа треба да најдеме нови инструменти и да ја засилиме ефикасноста на мерките за поддршка“, изјави Путин говорејќи на конгресот на „Деловна Русија“ во вторникот, пренесува РИА „Новости“.
„Коридорот (од Мосул), кој останува, создава ризик дека „идиловците“ од Ирак ќе заминат во Сирија. Ние, се разбира, ќе ја проценуваме ситуацијата и ќе носиме одлуки како од политичка, така и од воена природа доколку тоа се случи и доколку во Сирија, каде нашата група работи на барање на легалната влада, се појават дополнителни контингенти на ИД“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва, пренесува РТ на руски.
Пентагон не исклучува можност за промена на стратегијата во Сирија поради руските системи за ПВО, соопштија извори во американскиот одбранбен ресор, пишува „Вашингтон Пост“.
Претседателот на Русија Владимир Путин ќе учествува на средбата на лидерите на „Нормандиската четворка“ во Берлин на 19 октомври, изјави за „Интерфакс“ информиран извор во Москва.
Единиците на Централниот воен округ кои се наоѓаат во Западен и Јужен Сибир (20 илjади војници), вклучително и единиците на ракетните системи С-300 и С-400 се кренати на тревога во текот на контролната проверка на крајот на учебната 2016 година, соопшти за РИА „Новости“ помошникот на командантот на силите на ЦВО полковник Јарослав Рошчупкин.
Руските Воздушно-космички сили и ВВС Сирија предвремено ги прекинуваат воздушните удари заради воведување хуманитарна пауза во Алепо, соопшти во вторникот министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу.