Медиум: С-300 во Сирија може да ја сменат воената стратегија на САД
Пентагон не исклучува можност за промена на стратегијата во Сирија поради руските системи за ПВО, соопштија извори во американскиот одбранбен ресор, пишува „Вашингтон Пост“.
Зошто Русија го префрла во Сирија системот ПВО С-300В4?
Се истакнува дека, според мислењето на американската војска, распоредувањето на новите системи за ПВО (ракетните системи С-300 и С-400) се зголемува веројатноста од војна. Промената на стратегијата значи дека, наместо летови на военото воздухопловство на САД, ќе биде ставен акцент на испорака на оружје на Курдите, како и на умерената опозиција во Алепо.
Тоа прашање, сепак, ќе биде разгледувано подоцна. Приоритетни во моментов за Вашингтон се операциите за ослободување на градовите Мосул во Ирак и Рака во Сирија.
„Вашингтон Пост“ потенцира дека еден од изворите во Пентагон смета дека распоредувањето на руските системи С-300 и С-400 не донело до големи промени и дека ситуацијата со безбедноста на небото над Сирија практично останала на истото ниво.