World News in Macedonian
Март
2017

Новости за 22.03.2017

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Самојлова ја коментираше забраната за влез во Украина

Руската пејачка Јулија Самојлова, на која во средата Киев ѝ забрани влез во Украина, не губи надеж дека ќе настапи на „Евровизија“ и смета дека ситуацијата може да се промени.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Захарова: Акцијата пред британскиот парламент е намерна

„Според зборовите на очевидците, во центарот на престолнината на Велика Британија има настрадани, ранети. Според информациите на други извори, исто така се случил инцидент кога автомобил со полна брзина удрил неколку луѓе, јасно е дека акцијата била намерна“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 24“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

СБУ соопшти дека привела девет руски специјални агенти

Во Украина се приведени девет члена на агентурна мрежа на руските специјални служби, изјави раководителот на кабинетот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Александар Ткачук, соопштува „Рамблер Њуз Сервис“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Русија го афирмира брендот „Сделано в России“ (Made in Russia)

„Внешекономбанк“ и фондот „Росконгрес“, кој е одговорен за организација на главните инвестициски форуми во земјата, се договорија заедно да го промовираат рускиот извоз под брендот „Сделано в России“ (Направено во Русија) за време на Рускиот инвестициски форум во Сочи на 27 февруари. Договорот предвидува давање поддршка на извозот на руски стоки и услуги во сферата на рекламата, маркетингот, брендирањето и комуникациите.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Украина ѝ забрани влез во земјата на руската учесничка на „Евровизија“

Службата за безбедност на Украина ѝ забрани влез на територијата на земјата на Јулија Самоилова, руската учесничка во натпреварувањето „Евровизија“, кое ќе се одржи оваа година во Киев, соопшти портпаролот на СБУ Елена Гитљанскаја. На страницата на „Фејсбук“ на Гитљанскаја се вели дека забраната ќе важи три години. „Одлуката е донесена врз основа на нејзиното прекршување на законите на Украина“, тврди Гитљанскаја.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Путин: Русија е подготвена да работи со Украина како со транзитер

Путин исто така додаде дека гасоводот „Северен тек 2“ е природен проект имајќи го предвид порастот на потрошувачката на гас во Европа и намалувањето на производството, пренесува „Взгљад“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Русија ќе ги остави во сила ограничувањата за увоз на турски продукти

„Россељхознадзор“ не планира да ги укине важечките ограничувања за испорака на продукти од Турција, изјави за весникот „Известија“ портпаролот Јулија Мелано.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Еврокомесарот Хан: Русите само малку нѐ нервираат

„Русите само малку нѐ нервираат и тоа е сѐ што прават“, изјави Хан во интервју за виенски „Стандард“ и наведе дека ЕУ би требала да има повеќе самодоверба и да се занимава со нивното влијание, но не и да стои како „зајак пред змија“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Како Дејвид Рокфелер преговарал со лидерите на СCCР

Рокфелер е познат по своите многубројни контакти со политичари од целиот свет. Се смета дека тој лично се има сретнато со над 200 лидери од најмалку 100 земји. Овој факт, како и фактот дека има учествувано во работата на затворениот Билдербершки клуб и ја има основано Трилатералната комисија, и дека една и пол деценија беше на чело на Советот за меѓународни прашања, е погодна основа за приказната за вмешаност на Рокфелер во некаква светска влада во сенка. Но, неговите врски со Советскиот Сојуз... Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Министрите за одбрана на САД и Финска разговараа за „руската агресија“

На средбата во Пентагон страните дискутираа за низа прашања, меѓу кои и „руската агресија“, односите на Хелсинки со НАТО, како и за билатералната соработка во сферата на безбедноста, се вели на сајтот на америнскиот одбранбен ресор.

Читать дальше...