World News in Macedonian

Министрите за одбрана на САД и Финска разговараа за „руската агресија“

На средбата во Пентагон страните дискутираа за низа прашања, меѓу кои и „руската агресија“, односите на Хелсинки со НАТО, како и за билатералната соработка во сферата на безбедноста, се вели на сајтот на америнскиот одбранбен ресор.

Што може да очекува Русија од идниот шеф на Пентагон?

Матис во својата воведна реч истакна дека северната местоположба на Финска и нејзината историја ќе му помогнат на Вашигтон „да ја прецизира својата позиција, како и да го продлабочи разбирањето на ситуацијата која претставува нов предизвик за стабилноста“. 

Владата на Финска потенцира дека Русија не претставува директна закана за земјата, а раководството на РФ не покажува никакви знаци кои сведочат за желба за мешање во внатрешните работи на Финска, пишува „Лента.ру“.

Читайте на сайте