World News in Macedonian
Май
2017

Новости за 02.05.2017

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Зошто расте сивата економија во Русија?

Претходно 26-годишниот московјанин Максим Крилов заработувал како таксист ноќно време, но со доаѓањето на апликациите Uber и Yandex.taxi пред две години почна да работи како таксист со полно работно време. „Претходно со часови чекав повик, а сега нема прекини - повиците доаѓаат еден по друг постојано и цел ден можам да патувам во пределите на регионот“, вели тој.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Путин имаше телефонски разговор со Трамп

Кремљ соопштува дека страните разгледале низа актуелни прашања од билатералната соработка на меѓународната сцена. „Акцентот беше ставен на перспективата на координацијата на дејствијата на Русија и САД во борбата со меѓународниот тероризам во контекст на сириската криза“, се истакнува на сајтот на Кремљ.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Песков: Путин и Меркел не разговараа за санкциите

Разговорот меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и канцеларката на Германија Ангела Меркел беше плодотворен, изјави портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков. Ова тој го изјави во програмата на телевизијата  „Русија 1“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Брод на НАТО ѝ го препречи патот на руска фрегата

Видеото од инцидентот го објави телевизијата „Ѕвезда“. Војник на Воената морнарица на Русија истакна дека растојанието до бродот на Воената морнарица на Полска изнесувало околу 14 километри. „По азимут 235 гледам разузнавачки брод на ВМ на Полска, движење курс налево“, ги цитира зборовите на војникот ТВ „Ѕвезда“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Путин: светот нема право да ја заборави трагедијата во Одеса

„Како што се сеќавате, точно пред три години во Одеса (...) се случи страшна трагедија – украинските националисти ги притераа беспомошните луѓе во Домот на синдикатите и живи ги запалија“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Вокалистот на групата „Кис“ настапи со гитара во боите на руското знаме

Фотографијата од гитарата Стенли објави на својот профил на „Твитер“.

Концертот на групата „Кис“ се одржа во спортскиот комплекс „Олимписки“ во понеделникот, 1 мај. Последен пат легендарните рокери ја посетија Москва пред 10 години.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

„Ноќни волци“: Ќе нѐ има 10 илјади во Берлин

На руските учесници во мото-дефилето Москва-Берлин, организирано од мотоклубот „Ноќни волци“ и посветено на 72-годишнината од крајот на Втората светска војна, не им беше дозволено да влезат во Полска. Засега границата ја поминаа само моторџиите од европскиот и белорускиот огранок. Меѓутоа, „Ноќните волци“ се убедени дека ќе најдат начин да стигнат до Берлин на 9 мај. Според организаторот на акцијата, бројот на учесници е значително поголем од минатата година и достигнува 10 илјади.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Медиум:Белград нема да ја поддржи Русија во Сирија - неутралноста е поважна

Според мислењето на воениот аналитичар Александар Радиќ, во Сирија е невозможна руско-српска операција затоа што Србија е воено неутрална земја и не може да поддржува „ниедна од спротивставените страни“ во сирискиот конфликт, пишува „Балкан Инсајт“. 

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Шојгу: Летечкиот радар А-100 ќе може да открива нови видови цели

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека повеќенаменскиот авио-систем за радарско набљудување и наведување А-100 ќе може да открива нови видови цели.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Сенатот на САД не планира воведување нови санкции против Русија

Политиката на воведување санкции ќе биде заменета со други методи за спротивставување на руското влијание во Источна Европа – до ова решение дојде Коркер заедно со сенаторот од редовите на демократите Бенџамин Кардин.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Повеќе од 60% Руси сакаат Путин повторно да биде избран за претседател

Според податоците од истражувањето, 64% од анкетираните Руси се залагаат Путин „повторно да биде избран“ за шеф на руската држава. Нов човек на функцијата претседател сакаат да видат 22% од испитаниците.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Денеска телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска планира да одржи телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на Белата куќа. Кремљ ја потврди оваа информација. Разговорот е планиран за 19:30 часот по московско време.

Читать дальше...