World News in Macedonian

Путин: светот нема право да ја заборави трагедијата во Одеса

„Како што се сеќавате, точно пред три години во Одеса (...) се случи страшна трагедија – украинските националисти ги притераа беспомошните луѓе во Домот на синдикатите и живи ги запалија“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.

Нови детали за трагедијата во Одеса

Шефот на руската држава истакна дека виновниците за стореното злосторството сѐ уште не се изведени пред лицето на правдата и не се казнети.

„Меѓународната заедница нема право да го заборави тоа, ниту да дозволи повторување на такви варварски злосторства во иднина“, додаде Путин.

На 2 мај 2014 година во Одеса приврзаниците на националистичката организација „Десен сектор“ и таканаречената самоодбрана на Мајдан ги запалија поставените шатори на  Куликово поле. Проруските активисти се скрија во Домот на синдикатите, но и зградата беше запалена. Според податоците на украинската страна, загинаа 40 луѓе, според други информации – 116 луѓе.

Читайте на сайте