World News in Macedonian
Август
2017

Новости за 01.08.2017

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Командантот на ВДВ ја поврзува традицијата на капење во фонтани со Илинден

Командантот на Воздушно-десантните сили на Русија (ВДВ) генерал-полковник Андреј Сердјуков изјави дека традицијата на капењето на војниците на ВДВ во фонтаните на нивниот професионален празник може да биде поврзана со празнувањето на Денот на Илија-пророкот (Илинден), пренесува „Росијскаја газета“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Русите почнаа повеќе да трошат и помалку да штедат

„Во моментов се забележуваат најмалку два признаци на оддалечување на населението од штедниот модел на однесување: прво, заштедите во реална смисла почнаа да се намалуваат, а второ, нивната динамика се покажува како послаба од промените на реалните расположливи приходи“, се вели во истражувањето што го пренесува „Лента.ру“.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Сибирски научници создадоа прототип на вакцина против рак

„Шемата на давање на вакцината се состои во следново: на пациентот му се зема периферна крв, од која се добиваат незрели дендрични клетки, ги оптоваруваат со различни антигени на туморот, го стимулираат созревањето на дендричните клетки, а потоа се вбризгуваат назад во организмот“, се вели во соопштението што го пренесува „Интерфакс“.

Таинствени морски сунѓери лекуваат рак

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Министерството за здравство на РФ им вети на слепите бесплатни бионички очи

Во Русија беше успешно извршена операција за вградување на ретинален имплант на мрежницата на окото и во иднина Министерството за здравство на РФ планира да ја направи оваа иновативна технологија достапна за слепите лица, изјави заменик-министерката за здравство на РФ Татјана Јаковлева. 

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Во Новосибирск маж со секира го нападна споменикот на Николај II

Во Новосибирск ноќта на 1 август едно лице го оштети споменикот на царот Николај II, соопшти Новосибирската служба за евакуација „АСТ-54“ повикувајќи се на очевидци.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Што се наоѓа внатре во најголемиот манастир во Русија и Европа?

Овој манастир одигра значајна политичка улога во руската историја. Царот Иван Грозни често го посетувал манастирот, а имал желба овде да ги помине и своите последни денови. Неговите деца и идни владители исто така поминувале време во овој манастир. Поради тоа оваа руска светиња претставува неодвоив дел на руската историја.

Russia Beyond The Headlines (mk) 

6 места во Русија каде на туристите им се заканува опасност

1. Карабаш – реквием за екологијата

ТАСС

Градот Карабаш во Чељабинската област (1.200 километри од Москва) експертите на ОН во 1989 година го прогласија за „црна точка на планетата“. Доколку се искачите на Покајничкиот крст над Карабаш ќе ви стане јасно каква штета човекот може да ѝ нанесе на природата: „голи“ црни планини, портокалова вода и земја испукана како на Марс. Овој град многумина го нарекуваат „апокалипса на живата природа“. Од 1974 година имаше неколку обиди да се затвори... Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Зошто велиме „Грозјето е кисело“

Изреката дека грозјето е кисело ја слушаме речиси секојдневно. Со неа се означува ситуација кога нешто за кое не се успеало или за кое некој не се потрудил доволно станува навидум непотребно, не доволно добро, му се припишуваат лоши особини или се смета за недоволно добро. Исто така, со овој израз, во поширока смисла на зборот, се врши потценување на нешто кое некому е недостапно.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Видео: Триатлон за специјалци

Традиционално, „Триатлонот“ се состои од тактичко гаѓање, надминување на посебни пречки и висинска обука. Организаторите на натпреварот истакнуваат дека годинешната програма е фундаментално различна од сите претходни. Прво, целата акција се случува во една етапа, наместо во две, и нема пауза за починка. Ова значи дека оптоварувањето на физички план е зголемена неколку пати, и додадена е тактичка компонента. Единствено останува непроменет  фактот што сите фази на турнирот се максимално слични на реални борбени ситуации. Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Аверзија кон фактите: Кои се вистинските размери на Сталиновиот терор?

„На почетокот од деведесеттите години од минатиот век често доаѓав во допир со статистика поврзана со советскиот терор. Според моите процени, за време на целиот период на советскиот режим безбедносните сили имаат уапсено 7.1 милиони луѓе. Меѓутоа, руското јавно мислење е дека во периодот од 1937 до 1939 година се уапсени околу 12 милиони лица. Поради тоа кренав рака од своите процени и долго време не се занимавав со нив“.

Читать дальше...