World News in Macedonian
Декабрь
2017
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17

Новости за 21.12.2017

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп им се закани на земјите кои во ОН ќе гласаат против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе им ја укине помошта на земјите ако гласаат за резолуцијата на Обединетите нации во која се осудува неговото признавање на Ерусалим како главен град на Израел. Резолуцијата е на дневен ред на денешното Генерално собрание на Обединетите нации.

SlobodnaEvropa.mk 

Избори во Каталонија

Во шпанскиот регион Каталонија денеска на избори граѓаните решаваат дали ќе ги поддржат партиите кои се за независност. Нивниот обид за сецесија од Шпанија пред неколку месеци заврши со сменување на регионалните власти, воведување директна управа од Мадрид и вонредни избори. Анкетите покажуваат дека каталонците се поделени на оние што сакаат независност и на оние што се за останување во Шпанија. Аналитичарите укажуваат дека постои и неизвесност за одѕивот на гласачите, бидејќи една четвртина од гласачкото тело се уште е неопределена. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп се закани со укинување на помошта на земјите кои во ОН ќе гласаат против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе им ја укине помошта на земјите ако гласаат за резолуцијата на Обединетите нации во која се осудува неговото признавање на Ерусалим како главен град на Израел. „Ќе ги забележиме тие гласови“, изјави тој во Белата куќа, осудувајќи ги сите земји кои, како што рече, земаат американски пари и потоа гласаат против САД во Советот за безбедност или Генералното собрание. „Нека гласаат против нас ќе заштедиме многу пари“, изјави тој. Се очекува Генералното... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: сончево и студено

Во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус два до пет степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.