World News in Macedonian
Июнь
2018

Новости за 21.06.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Аболицијата од Иванов, сламка за обвинетите

Повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре постапката против него. Но, според експертите, тоа е невозможно, бидејќи аболицијата беше незаконска и поништена. Според нив, обвинетите се фаќаат за сламка.

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ: Го продаваат името и ја задолжуваат државата

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја задолжија државата за нови 7.1 милиони евра. Додека го продава името Заев не пропушти да ги задолжи граѓаните, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7.1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3.2 милиони евра само за камати. Заев зема 7.1, а ќе треба да се вратат 10.3 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија во своето соопштение... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската опозиција ја одби поканата и таа да преговара со Белград

Косовската опозиција решително ја отфрли поканата, која вчера ѝ ја упати претседателот Хашим Тачи, да се вклучи во финалната фаза од преговорите со Србија, која ќе започне в недела во Брисел. Косовската опозиција, но и дел од владејачките партии, го негираат легитимиетот на Тачи да го претставува Косово во овој процес, бидејќи сметаат дека тој во ниту еден случај не може да се смета како обединувачки фактор во земјата.

SlobodnaEvropa.mk 

Марихуаната во Канада ќе биде легална од 17 октомври

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека конзумирањето на марихуаната за рекративни цели ќе се легализира од 17 октомври. Законот, кој го поднесе либералната влада на премиерот, неделава е усвоен во двата дома на Pарламентот и вклучува преоден период од 8 до 12 недели за да им се даде време на осумте провинции и три северни територии на Канада да организираат продажба на марихуана за рекреативни цели во специјализирани продавници. Трудо информираше дека провинциите побарале повеќе време и... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ердоган: ЕУ не го испочитува ветувањето околу бегалците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во текот на историјата Турција, без никаква дискриминација, ги прифаќала и ги поддржувала сите загрозени народи. Ердоган испрати порака по повод Светскиот ден на бегалците, во која истакна дека секојдневно се случуваат различни трагедии во Медитеранот и дека Турција покажала хуманитарно и морално однесување кон кризата што ги погоди Сирија и Ирак. Критикувајќи го ставот на земјите на ЕУ против бегалците, Ердоган рече: „Додека многу европски земји се кријат зад бодликава жица... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Еулекс ги постави основите на правна држава на Косово

Европската унија деновиве го заврши своето децениско спроведување на законот и правдата на Косово, но критичарите велат дека мисијата не успела да го искорени криминалот и корупцијата во таа земја.

SlobodnaEvropa.mk 

Ослободен од притвор пратеникот на Златна зора

Грчките власти го ослободија од притвор пратеникот на екстремно десничарската партија Златна зора, Константинос Барбарусис на кој ќе му се суди за повикување на државен удар во земјата. Тој треба да плати 30 илјади евра, а забрането му излегување од Грција. Барбарусис беше уапсен во понеделникот, три дена откако во парламентот, за време на дебатата за грчко македонскиот договор за името, повика војската да го уапси грчкото раководство. Барбарусис кој остро се противи на владиното решавање на спорот, подоцна ги повлече забелешките. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп го потпиша указот за спречување на раздвојување на децата

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата на мигрантите кои незаконски влегуваат во Соединетите држави преку мексиканската граница. „Никогаш не сакав семејствата да бидат раздвоени“, изјави Трамп на церемонијата на потпишување на документот. Американската администрација беше критикувана во земјата и странство, бидејќи за неколку недели околу 2300 малолетни деца биле одвоени од родителите. Тоа е дел од мерките на таканаречената политика... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грушко: влегувањето на Македонија во НАТО може да предизвика внатрешни тензии

„Проширувањето на НАТО не ги решава безбедносните проблеми, туку креира нови линии на поделби“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко во одговор на прашањето на руската новинска агенција Интерфакс за последиците од можното македонско влегување во НАТО. „Нашиот став спрема проширувањето на НАТО воопшто не е променет. Веруваме дека проширувањето на НАТО не решава ниту еден безбедносен проблем. Напротив, ги продлабочува и креира нови линии на поделби. Можеме да видиме... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Се истражуваат причините за пожарот во Велес во кој загинаа три деца

Родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која вчера животот го загубија три малолетни деца, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес го заврши увидот на лице место каде што избувна пожарот во кој животот го загубија три деца на возраст од четири, две и една година. Според првичните сознанија на јавниот обвинител... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се движи од 22 до 34 степани. Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степена.