World News in Macedonian
Май
2019

Новости за 26.05.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Европски избори - десниот и левиот центар се уште најбројни

Излезноста на изборите за Европскиот парламент се оценува за висока во споредба со претходните избори. Традициналните партии се уште се водечки, но со значителен пад во бројот на освоени пратенички места. Либералите и зелените се во пораст.

SlobodnaEvropa.mk 

Разрешено дел од раководството на СДСМ

Од 18 часот во седиштето на СДСМ се одржува централниот одбор на владејачката партија. Како што неофицијално се брифира на седницата се разрешени генералниот секретар Александар Кирацовски, а на истата позиција не се ниту шесте потпретседатели Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски. Седницата е се уште во тек, а се очекува изјава на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Седницата следува по најавите на премиерот Заев за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицотакис бара оставка од Ципрас по резултатите од изборите

Премиерот мора да преземе одговорност и да даде оставка, а на земјата и е потребна нова влада, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина. “Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Протестен караван против рудникот Иловица-Штука

Активисти против отворањето на рудникот Иловица-Штука денеска организираа протестен моторизиран караван низ улиците на Струмица и населените места. Според организаторите, ова е предупредувачки протест и показна вежба што евентуално би можела да се трансформира во целосна децентрализирана блокада на цел Југоисток во блиска иднина, доколку, како што велат, Владата не ги уважи законите и јасно изразената волја на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот Иловица-Штука.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ бара одговорност од Мицкоски за поразот на изборите

Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски, наведува владејачката партија во денештното соопштение. Во него од СДСМ бараат одговорност од Мицкоски за како што пишуваат“личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО”. “Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката? Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грчките политичари со повик до граѓаните да гласаат

Порака до Грците дека денеска треба да излезат и да гласаат, упатија лидерите на најголемите партии откако го остварија нивното право на глас, јави дописничката на МИА од Атина. Денеска е убав ден, ден на демократијата, но и ден на одговорност за сите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас откако гласаше. “Сега е време и ден на одговорност, секој и секоја да го ратификува, да го одобри, да го заштити текот на економското закрепнување, но и мерките за поддршка и олеснување на мнозинство од општеството. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си поднесе оставка и да ги смени сите министри, пратеници и градоначалници

Единствен начин Зоран Заев да и помогне на Македонија е самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ, рече денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. “Точно е дека одговорност имаат и претседателите на општинските организации на партијата кои молчеа и го поддржуваа криминалот на Заев и на неговите соработниците само за некое вработување или поситен бизнис. Тие треба да бидат сменети, но најголемата одговорност е лично кај Заев и кај неговите први соработници”, рече Стоилковски. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Додаток за трето дете само за семејствата со приход до 12.000 денари

Државата првпат покажува подготвеност да се грижи за најсиромашните граѓани. Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска. Таа посочи дека додатокот за трето дете го примаа сите и оние кои имаат многу и оние кои имаа најмногу и оние кои немаат ништо. “Третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонски автобус удри во мост во Пловдив

Македонски автобус удри во мост во Пловдив откако возачот не го видел знакот што укажува на максималната височина на превозните средства што можат да преминат под мост во град. Како што објави денеска бугарската телевизија „Нова“, во автобусот имало само двајца возачи, кои не се потешко повредени. По инцидентот, автобусот останал без покрив. Оштетен е покривот на автобусот, а неколку прозорци се искршени. Тестот за присуство на алкохол во крвта на двајцата возачите бил негативен.

SlobodnaEvropa.mk 

Царовска: Верувам во одлуките на премиерот

Верувам во промени, промените секогаш носат добри работи, но исто така верувам во одлуките на премиерот и сигурна сум дека ќе ги направи врз основа на учинок на секој од нас како министри и врз основа на задоволството на граѓаните, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа кои се нејзините очекувања од вечерашната седница на Централен одбор на СДСМ. “Сметам дека одлуките кои ќе ги донесе премиерот се соодветни и дека... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Зариф во Багдад на средби со ирачките власти

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф пристигна во Багдад на разговори со неговиот ирачки колега и други претставници на власта во моменти на зголемени тензиии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Зариф на заедничката прес конференција со ирачкиот министер за надворешни работи Мухамад Али Алхаким денеска рече дека неговата земја сака балансирани односи со арапските соседи во Персискиот залив и побара да се потпише со нив договор за не агресија. Алкахим, пак, рече... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонски државјанин баран преку Интерпол уапсен на Ќафасан

Македонски државјанин утрово е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако при конролата било утврдено дека се бара со меѓународна потерница издадена од Интерпол Бугарија. Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем“. “Македонскиот државјанин Р.Х. жител на Скопје беше уапсен при влез во Република Албанија, бидејќи при проверката на документацијата во системот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Протест на опозицијата во Албанија со порака "Рама оди си"

Синоќешниот шести по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција заврши со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша кој рече дека пораката што ја дадоа граѓаните е јасна, дека политичкото решение е заминување на Рама. Тој упати порака и до меѓународните сојузници дека опозицијата е подготвена на секаква жртва. Инаку, простестот кој траеше околу три часа почна пред Владата. Во обраќањето Баша го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грците денеска гласаат за европратеници и градоначалници

Од 7 часот утрово отворени се гласачките места низ цела Грција на кои речиси 10 милиони граѓани гласаат на европските и локалните избори. Право на глас имаат 9 922 294 граѓани, 536 920 се нови гласачи, од кои 106 760 се на возраст од 17 години, кои оваа година на прв пат имаат право на глас, односно ќе гласаат и родените меѓу 1 јануари 2002 и 31 декември истата година. Гласачките места ќе се затворат во 19 часот, а првите официјални резултати се очекува да бидат соопштени околу 21.30 и ќе се однесуваат на Европските избори... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Опозијата во Србија најави големи протести на 8 јуни

Во Белград синоќа се одржа 25-тиот протест „Сите како еден – еден од пет милиони” на кој говореа актерот Бранислав Лечиќ, професорот на Факултетот за политички науки, Чедомир Чупиќ и Арис Мовсесијан од Новата странка. Протестниот собир се одржа под мотото „Стоп на крвавите кошули”, со читање „ретроспектива на сите претепувања и насилството што властите ги имаат извршено над неистомеслиниците” во текот на шестомесечните протести во Србија. Актерот Бранислав Лечиќ во говорот најави на 8 јуни, одржување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Последен ден гласање за Европскиот парламент

Десетици милиони гласачи во 21 земја членка на Европската унија денеска имаат можност да гласаат на последниот ден од изборите за Европскиот парламент кои почнаа пред четири дена. Германија, Франција, Италија, Бугарија, Романија, Хрватска, Грција и Унгарија се меѓу земјите кои денеска ќе ги бираат своите претставници за Европскиот парламент кој има 751 член. Седум земји членки веќе гласаа од 23 мај досега, а првичните резултати се очекува да бидат објавени денеска доцна вечер. Испитувањата на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Седница на СДСМ за најавените кадровски промени

Во седиштето на Бихаќка денеска попладне се очекува седница на Центарлниот одбор на СДСМ на која треба да стане збор за кадровските промени во партиските редови, но и во извршната власт што ги најави премиерот и лидер на партијата Зоран Заев меѓу двата круга од претседателските избори. Еден од првите потези на Заев во рамки на т.н. операција „метла“, беше смената на претседателите на 78 општински организации на СДСМ, а за почетокот на јуни најави дека ќе следат смените во општествениот сектор, односно во јавните претпријатија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Села - Не поддржуваме закон за СЈО со кој се штитат големи политички мечки

Јас би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

SlobodnaEvropa.mk 

Села: Потребни се предвремени парламентарни избори

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села вели дека на државата ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека по нив ќе коалицира со секоја партија која ќе се согласи на нивните услови и платформа.