World News in Macedonian
Июль
2019

Новости за 27.07.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот „Булмак” кај Крива Паланка

Еден рудар загинал, а двајца рудари вработени во рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој“, поранешна Тораница се повредени при минирање на јама. Според официјалните првични информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила денеска околу 13 часот, а во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка е пријавена во 14:20 часот. Во несреќата загинал Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32). Од СВР Куманово информираат дека се уште трае увидот на местото на настанот.

SlobodnaEvropa.mk 

Денот на Републиката ќе се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“

„Сите сме деца на Илинден“ е мотото под кое годинава ќе се реализираат чествувањата на Денот на Републиката, 2-ри август, Илинден во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево. Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, каде после положувањето цвеќе на споменикот ќе следува обраќање на премиерот Зоран Заев по што е предвидена и свечена културно-уметничка програма. Свеченостите по повод Денот на Републиката, како што информираат од владината прес-служба, ќе започнат со активностите на претседателот Стево Пендаровски... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсени повеќе од 300 лица на протестите на опозицијата во Москва

Руската полиција уапсила 317 демонстранти кои денеска се собрале пред Собранието во Москва на недозволени протести за да бараат слободни избори. Руската опозиција повика на протести против отфрлањето на кандидатурите од страна на голем број членови на опозицијата за локалните избори во Москва во септември. Протестот беше свикан од  Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски активист, кој рече дека протестите ќе продолжат додека не им се дозволи на одбиените кандидати да учествуваат на изборите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Поплавите во Индија заробија 700 патници во воз

Околу 700 луѓе се заглавени во воз по поплавите што ја погодија областа близу индискиот град Мумбаи. Возот на Мајалаксми Експрес е блокиран од минатата ноќ, а хеликоптери, чамци и нуркачки тимови се распоредени заедно со војската за да ги повлечат заглавените патници. Како што јавуваат агенциите, меѓу патниците има девет бремени жени. Портпаролката на железничката компанија изјави дека организирале алтернативни начини на транспорт за сите патници. Патниците соопштија дека веќе 15 часа немаат вода или храна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Орбан ја критикуваше ЕУ за миграцијата и економијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја критикуваше Европската унија, наведувајќи дека во последните пет години направила "сериозни грешки" во врска со миграцијата и економијата. Според Орбан, Европската комисија треба да му дозволи на Советот на министри за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ да одлучува за прашањата на миграцијата. Тој исто така рече дека е време да се врати идеалот на "конкурентна европска економија“. "Насекаде ни требаат работни места и намалување на даноците", изјави Орбан. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата пушти солзавец врз демонстрантите во Хонг Конг

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец врз илјадници демонстранти на денешниот протест протест. Демонстрантите облечени во црно се упатија кој Јуен Лонг, област каде што минатата недела мафијата брутално ги напаѓаше луѓето на железничката станица. Полицијата одби да издаде дозвола за денешната поворка, наведувајќи дека се работи за висок ризик за безбедноста. Сепак демонтрантите тргнаа во пресрет на непознати напаѓачи кои претепале десетици луѓе. Напаѓачите биле облечени во бело, спротивно на бојата на облеката на продемократското движење.

SlobodnaEvropa.mk 

Централната манифестација за 2-ри август во Вила Водно

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, по повод државниот празник Ден на Републиката, на 2-ри август со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците. Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на свеченоста се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

По топлотниот бран, силно невреме ја прекина „Тур де Франс“

Откако рекордно топлиот бран почна да слабее, Европа се соочува со нови проблеми поради силното невреме и бурите со град кои го нарушија воздушниот и железничкиот сообраќај низ Велика Британија и делови од Франција. Невремето предизвика предизвика прекин на познатата велосипедска трка „Тур де Франс“. Организаторите се соочија со големи проблеми бидејќи мораа да ја сопрат 19-та фаза од натпреварот поради снег и на патот до областа Тиње на Алпите. По неколку часа ограничувања на британскиот воздушен сообраќај... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

МИОА: За трансферот од јавен во приватен сектор се разговара со сите страни

Откако Сојузот на стопански комори со соопштение во јавноста реагираше на можните дилеми поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација информира дека концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор. „На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

МВР: Пријавен само еден физички напад на протестот на плоштадот Скендер Бег

Во врска со вчерашниот протест што се одржа на плоштадот Скендер бег МВР информира дека има пријавено само еден физички напад од непознато лице и апелира доколку има и други напади граѓаните да ги пријават во најблиската полициска станица.  „Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од НН лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски. Други пријави за физички... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Мaкедонија 25 места погоре на листата на Глобалниот иновациски индекс

Северна Македонија во споредба со минатата година се искачи 25 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура, покажува најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за годинава објавен на 24-ти овој месец. Како што соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој, според овој извештај, кој рангира 129 држави во светот по 80 различни параметри, Република Северна Македонија е на 59-то место, што претставува значителен напредок во однос на претходните две години. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вашингтон и Лондон подготвуваат нов трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековните преговори за трговски договор со Велика Британија се во тек. Тој оцени дека билатералниот пост-регионален договор би можел да резултира со четирикратен, па дури и петкратен пораст на трговијата. Како што соопшти Би-Би-Си, детали од договорот засега нема. По телефонскиот разговор со новоизбраниот британски премиер Борис Џонсон, Трамп изјави дека новиот премиер ќе биде "одличен". Тој посочи дека трговските односи на двете земји само трпеле... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Осум мртви во земјотрес на Филипините

Земјотрес и дополнителен потрес кој бил уште посилен денеска го погодиле островот Батан на северот од Филипините, при што загинале 8, а повредени се околу 60 лица. Се наведува дека првиот удар на земјотресот имал јачина од 5,4 степени по Рихтер, а потоа следел уште еден од 5,9 степени. Извршниот директор на владината агенција за вонредни ситуации Рикардо Халад изјави дека дел од зградите на овие острови популарни меѓу туристите се урнале.

SlobodnaEvropa.mk 

Разрешен претседателот на Врховниот суд на Албанија

Посебниот Апелациски колегиум (КПА) го разреши претседателот на албанскиот Врховен суд, Џезаир Загањори,откако откри проблеми во врска со пријавениот имот од негова страна. Колегиумот соопшти дека приходите на судијата Загањори не го покриваат неговиот недвижен имот, вреден милијарда леки, како и трошоците за петгодишното школување на неговите две деца во Велика Британија и Германија. Со неговото разрешување и Врховниот суд, како и Уставниот суд на Албанија, остана само со еден судија. Пред почетокот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот врховен суд одобри пари за изградба на ѕидот кон Мексико

Врховниот суд на САД соопшти дека претседателот Доналд Трамп може да користи средства од Пентагон во висина од 2,5 милијарди долари за изградба на дел од ѕидот на јужната граница со Мексико. Судот пресуди со пет гласа наспроти четири со што ја блокира пресудата на федералниот судија во Калифорнија, кој го спречи Трамп да ги троши парите за ѕидот. Ѕидот меѓу САД и Мексико беше главно ветување во предизборната кампања на Трамп за изборите во 2016 година. На проектот, вреден шест милијарди долари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мета бара ОБСЕ да посредува за надминување на кризата во Албанија

По средбата во Тирана со генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Томас Гремингер, албанскиот претседател Илир Мета испрати официјално писмо до ОБСЕ, барајќи да ја одигра улогата на медијаторот за да се надмине длабоката повеќемесечна политичка криза. Мета бара од Гремингер и од првиот човек на ОБСЕ Мирослав Лајчак да посредуваат во албанската политичка криза преку сеопфатен дијалог, бидејќи „оваа институција е потребна и може да спречи ескалација на кризата“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Половична искористеност на европските фондови

Македонските институции половично ги користат парите од европските фондови покажуваат извештаите од ЕУ. Причините за неискористеноста на европските фондови, граѓанскиот сектор ги гледа во ненавремено програмирање и слабите административни капацитети. Најслаба искористеност покажуваат секторите транспорт и животна средина, каде што и најмногу пари и се потребни на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура помеѓу 12 и 21, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, претпладне сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринска температура до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.