World News in Macedonian
Январь
2021

Новости за 21.01.2021

SlobodnaEvropa.mk 

Предлог- законот за попис на гласање во Собранието

Собранието денeска треба да одржи продолжение на 29-та седница, на кое се очекува да се гласа за Предлог- законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, по скратена постапка. Расправата за Предлог- законот во Собранието, со кој треба да се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари. Тогаш беше најавено дека за законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано. Симовски - Пописот треба да ја регистрира реалноста... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Угостителските објекти од денеска работат до 21 часот

Рестораните и угостителските објекти  од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препораката на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничниот период и ширење на вирусот Ковид-19. Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, секоја  мерка што се носи мора да оди паралелно со примарната цел... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бајден потпиша укази со кои се поништени некои одлуки на Трамп

Новиот американски претседател Џо Бајден потпиша укази со кои ја изрази намерата САД повторно да пристапат кон Париската спогодба за климата и во Светската здравствена организација (СЗО). Неколку часа по преземањето на должноста, Бајден во Овалниот кабинет на Белата Куќа потпиша неколку укази со намера веднаш да поништи повеќе важни одлуки на својот претходник Доналд Трамп. Трамп во 2018 година донесе одлука за излегување на САД од Париската спогодба за клима, а во 2020 година и од СЗО. Бајден... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во основните и средните училишта почнува второто полугодие

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат на настава- онлајн или во училишните клупи, за да го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година. Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година. Неуспешен состанокот на средношколците и министерката Царовска - матурантите на бојкот Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни)... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето променливо облачно и потопло

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Максималната температура ќе се движи од 3 степени во Маврово до 12 степени во Гевгелија.