World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 07.01.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарски суд осуди новинари за текстов објавени пред четири години

Двајца новинари во Бугарија и една веб-страница се осудени за клевета и им е наложено да платат околу 35 илјади долари казна а написи објавени во 2018 година, што се опишува како пресуда без преседан, јавува бугарскиот сервис Радио Слободна Европа. Софискиот градски суд (ДСК) утврди дека Борис Митов, сега новинар во бугарскиот сервис на РСЕ, а во 2018 година вработен во информативниот портал Медиапул и неговата тогашна уредничка Стојана Георгиева му нанеле физичка и психичка болка на Светлин Михаилов... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Радев свика состанок на Советот за национална безбедност за Македонија и Албанија

Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделник закажа состанок на Советодавниот совет за национална безбедност , соопштија од Кабинетот на претседателот. Како што јавува новинската агенција МИА темата на состоникот е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“. Состанокот ќе се оддржи во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје најавена за 18 јануари. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ѓоковиќ го помина Божиќ во имиграциски центар во Мелбурн

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го минува православниот Божиќ во имиграциски центар во Мелбурн додека чека сослушување за влез во земјата со цел натпреварување на Австралија опен грен слем турнирот. При самиот влез во земјата на аеродромот во Мелбурн во средата му беше укинато ослободување од вакцината која е задолжителна. Во меѓувреме во Србија и Црна гора и денеска се оддржа собири во знак на поддршка за Ѓоковиќ на кој присуствуваа неколку илјади луѓе со транспаренти на кои пишува „ Сите сме Ноле“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ- Нема решение за руско-украинската тензија без Европа

Шефицата на Европската комисија и новото француско раководство кое од 1-ви јануари претседателствува со ЕУ денеска ја истакнаа потребата од европско вклучување додека Русија и Западот продолжуваат дипломатски да се расправаат околу можната закана од ескалација на конфликтот во Украина. Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија е „многу присутна“ во Украина, вклучително и преку милијардите финансиска помош за Киев и зависноста на блокот од испораките на руски природен гас преку Украина. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицотакис: Со 400 милиони евра ќе се покрие покачувањето на струјата

Грчкиот премиер Кријакос Мицотакис најави дека за овој месец од државниот буџет ќе се издвојат дополнителни 400 милиони евра со кои ќе се покрие значителен дел од поскапувањата на сметките за струја. Струјата ќе поскапи за 9,48 проценти Мицотакис најави владина помош и за овој месец како за домаќинствата и земјоделците, така и за бизнисите во справувањето со енергетската криза, јавува новинската агенција МИА. „Станува збор за храбар, но во исто време и реален план за поддршка, што помага на сегашноста, но не ја загрозува иднината. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО: Омикрон е полесен од Делта, но не е благ вирус

Новата варијанта на короновируост Омикрон се чини дека предизвикува полесна клиничка слика кај заболените за разлика од претходниот доминантен сој Делта, но тоа не значи дека треба да се категоризира како „благ вирус“ велат претставници на Светската здравствена организација. Преставничката на клиничкиот менаџмент на СЗО Џенет Дијаз на брифинг со медиуми изјави дека раните студии покажеле дека има намален ризик од хоспитализација од варијатата Омиркон која прв пат е идентификувана во Јужна Африка и Хонгконг во споредба со Делта варијантата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски-Мандатарот не може да преговара за идентитетот

Мандатарот кој ќе го предложи составот на владата нема кредибилитет да преговара од името на македонскиот народ за неговиот идентитет. Очекувам да се слушне гласот на ВМРО-ДПМНЕ како најголемата политичка партија во земјава, изјави денеска денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Соборниот Храм. „Очекувам дека какво било решение кое што ќе одлучува за идентитетот на македонскиот народ нема да биде во немилост на нелегитимниот премиер и на авантурист преговарач како Бучковски. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Од „нема правда, нема мир“ остана само мир

Во изминативе години, многу политичари седнаа на обвинително столче во скопскиот Кривичен суд, некои беа и во притвор, а некои побегнаа од земјава. Основното прашање кое се наметнува е дали денеска по толку години од протестите под паролата „Нема правда, нема мир“ правдата стана достижна?

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку илјади здравствени работници и полицајци во карантин во Грција

Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал. Претседателот на федерацијата на вработени во државните болници Михаилис Јанакос изјави дека околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со Ковид-19. Тој објасни дека поголемиот дел од заболените здравствени работници се од болниците во Атина и околината. Јанакос побара да се променат упатствата на Националната организација за јавно здравје и задолжителниот карантин за заразените да се зголеми од пет на десет дена. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Петков- Ставот на Софија за Скопје не е сменет

Ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Северна Македонија е зачуван, го надградивме со пет комисии. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков како како одговор на пратеничко прашање на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, јавува новинската агенција Бгнес. Петков доаѓа во посета на Скопје на 18 јануари. Радев ги повтори бугарските услови за напредок на С.Македонија кон ЕУ  Тој во одговорот посочи дека преговорите со Скопје, ќе се одвиваат според  коалицискиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дачиќ- Ѓоковиќ е политички злоупотребен

Српскиот претседател на Собранието Ивица Дачиќ, изјави денеска дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е подложен на „одвратно, политичко малтретирање и злоупотреба“ во Австралија, јавува новинската агенција Бета. Дачиќ тврди дека ситуацијата во Австралија е „политички нестабилна бидејќи сите бркаат рејтинг“ и дека сега таму се случува „злоупотреба за политички цели“. „Тој не се покани самиот, му дадоа таканаречен исклучок. Знам за овие случаи на ослободување, бидејќи тоа моравме да го побараме и кога отидовме во Глазгов... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанските полицајци добија наредба да пукаат без предупредување

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека им издал наредба со која полицајците ќе може да пукаат и убиваат. До ова доаѓа поради растот на насилство и немири кои настанаа по простетите предизвикани од наглото зголемување на цените на енергенсите. Токаев во своето обраќање кое се пренесуваше во живо на националната телевизија изјави им дал наредба на безбедносните сили да отворат оган без предупредување со цел да се сопрат какви било понатамошни немири. Тој беше дециден дека оние што одбиваат да се предадат ќе бидат „уништени“.

SlobodnaEvropa.mk 

Божиќ во Ерменија: Кога „светлината од црквата“ ги осветлува најтемните денови

Како дел од повремената серија за тоа како се слават празниците во некои делови на светот, Радио Слободна Европа разговараше со Гајане Даниелјан од Ерменскиот сервис на РСЕ за тоа како се слави Божиќ во нејзината земја. Како најстарата христијанска земја во светот, духот на Божиќ е длабоко во ерменската култура, дури и ако празничната сезона беше малку истисната под децениското секуларно советско владеење. Како и поголемиот дел од поранешниот СССР, Новата година беше главната зимска прослава во поголемиот дел од 20 век... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Рекордни 9 илјади нови случаи на ковид-19 во Србија

Во Србија бројот на заразени со ковид 19 порасна на 9 илјади нови случаи дневно, со што и ковид амбулантите повторно се полнат.  Српското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани 9.122 пациенти позитивни на коронавирус, што преставува најголем број на досега евидентирани заразени на дневно ниво од почеток на пандемијата. Починати се 19 лица. Тестирани се вкупно 27.290 граѓани. На респиратори има 79 пациенти, а хоспитализирани се 2.199 пациенти. Во Србија вчера се... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО: Зголемување на заразените со ковид-19 во светот за 71 насто

Светската здравствена организација, СЗО објави дека во минатата недела во светот се регистрирани рекордни 9,5 милиони случаи на ковид-19, истакнувајќи дека зголемувањето на неделните инфекции за 71 отсто се должи на омикрон сојот. „Во минатата недела е забележан најголем број случаи на инфекција со ковид-19 од почетокот на пандемијата“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус. Рекорден број заразени со омикрон во голем број држави Тој рече дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е многу поголем... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Државата со амбициозни планови за пост ковид економско закрепнување, но какви се капацитетите?

Закрепнувањето на економијата од ковид кризата Владата планира да го направи со јавни и приватни инвестиции од осум милијарди евра за неколку години. Планот е амбициозен, но експерти велат дека треба реално да се погледне на капацитетите за реализација на вакви проекти.

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на НАТО на видео состанок за разговорите со Русија

Шефовите на дипломатијата на земјите членки на НАТО ќе одржат видео состанок како подготовка на најавениот состанок на Советот НАТО-Русија што на 12 јануари ќе се одржи во Брисел. Состанокот на Советот е еден од трите што ќе се одржат како дел од напорите на САД и западните сили да ја одвратат Москва од евентуална инвазија врз Украина, откако распореди десетици илјади војници долж границата меѓу двете земји. Првиот е в понеделник во Женева, а САД ќе бидат претставени од заменик-државниот секретар Венди Шерман. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Германија ќе решава за натамошните мерки против ковид-19

Денеска лидерите на германската федерална влада и на сојузните држави треба да разговараат за тоа како да одговорат на многу заразната варијанта омикрон, вклучително и скратување на периодите на самоизолација од ковид-19 поради стравувањата дека критичните услуги би можеле да запрат. Германските градови апелираа до властите за поголемо планирање однапред, бидејќи земјата најверојатно ќе ја пропушти целта за вакцинација за јануари. Владата соопшти дека има за цел 80 насто од населението да има барем еден една доза вакцина до крајот на јануари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот претседател изјави дека поредокот „во основа“ бил обновен

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека уставниот поредок во голема мера е воспоставен низ централноазиската земја по неколкудневните насилни немири за кои владата ги обвинува „терористите“. „Во основа е воспоставен уставниот поредок во сите региони во државата. Локалните власти ја контролираат ситуацијата“, рече Токаев на денешниот состанок, соопштија од неговиот кабинет. „Но, терористите продолжуваат да користат оружје и да го оштетуваат имотот на граѓаните. Затоа, антитерористичките... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското население се намали за 11,5 проценти во една деценија

Според прелиминарните резултати од пописот, населението на Бугарија се намали за 11,5 насто во изминатата деценија. Населението се намали за повеќе од 844.000 луѓе, од 7,3 милиони на 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот институт за статистика. Експертите го објаснуваат демографскиот пад на Бугарија на нискиот наталитет, високата смртност и стареењето на населението, ниските стапки на фертилитет и емиграцијата од најсиромашната членка на ЕУ. Романците и Бугарите најсиромашни во ЕУ Само во главниот град Софија населението се зголемило. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД ќе отворат штаб за специјални операции во Албанија

Соединетите држави ќе отворат штаб за специјални операции во Албанија врз ротациона основа, соопшти американската команда за специјални операции за Европа SOCEUR. Командата, со седиште во Штутгарт, Германија, наведе дека базата во Албанија ќе обезбеди зголемена координација со Албанија која има важен пристап до транспортните центри на Балканот и поголема логистичка флексибилност. „Способноста за брзо движење и обука на Балканот, во тесна координација со другите сојузнички и партнерски сили, ја направи Албанија најдобра локација за овој напор“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан

Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Република Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен. МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска е Божиќ - големиот православен празник

Христијанските верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават големиот празник Божиќ. Во божиќната порака архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници по тој повод, меѓу другото, се наведува: „И ако годинашниов Божик го дочекуваме загрижени за здравствената состојба во светот, и за последиците од неа, да не го заборавиме ветувањето... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: претежно облачно и постудено

Претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 3 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 6 степени.