World News in Macedonian
Ноябрь
2024

Новости за 13.11.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Бајден и Трамп се сретнаа во Белата куќа – ветија мирен трансфер на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и актуелниот претседател Џо Бајден, долгогодишни политички ривали, денеска (13 ноември) се сретнаа во Белата куќа, за првпат откако Трамп победи на изборите минатата недела. Двајцата ветија непречена транзиција на власта во јануари. Во мирна атмосфера прекривајќи ги тензиите меѓу нив двајцата, Трамп и Бајден седнаа еден до друг во Овалната соба. Бајден го победи Трамп на изборите во 2020 година, но оваа година се откажа од претседателската трка... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За седум места во Советот на АВМУ во трка се 22 кандидати

По десет години, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) би требало да добие нов состав. Во трка за седумте места во Советот на АВМУ се 22 кандидати кои денеска (13 ноември) се претставија во Собранието, пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски, на крајот од седницата рече дека верува оти седумтемина што ќе бидат избрани „ќе го дадат максимумот“ за да се подобрат медиумските услуги, но и дека со нивниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ФБИ уапси маж обвинет за оддавање разузнавачки информации за израелските планови за Иран

Американското Министерство за правда го обвини Асиф Рахман, кој работел за Централната разузнавачка агенција (ЦИА), за наводно оддавање доверливи разузнавачки информации на САД поврзани со плановите на Израел за одмазднички напад на Иран, објавија американските медиуми. Според медиумските извештаи, претходно овој месец Рахман бил обвинет и за намерно пренесување информации за националната одбрана. Тој во вторникот беше уапсен од Федералното истражно биро (ФБИ) во Камбоџа и треба да се појави пред судот во Гуам... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сослушани над 60 лица за несреќата на железничката станица во Нови Сад

За несреќата на железничката станица во Нови Сад, каде при уривање на настрешницата загинаа 14 лица, досега се сослушани повеќе од 60 лица, објави денеска (13 ноември) новосадското Вишо јавно обвинителство. Меѓу загинатите беше и македонскиот државјанин Васко Саздовски, кој последните години работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад каде се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Обвинителството во моментов води предистрага за несреќата. Како што наведуваат оттаму... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ против предлог-буџетот за 2025, поднесе над 200 амандмани

Нереален и неразвоен, е оценката на опозицискиот СДСМ за предлог-буџетот за 2025 година што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го усвои на крајот на октомври и за кого наскоро треба да започне собраниската расправа. Социјалдемократите, соопшти денеска партискиот лидер Венко Филипче, нема да го поддржат ваквиот предлог-буџет. Тие подготвиле и поднеле над 200 амандмани во кои, како што рече Филипче, главниот фокус е на зголемување на платите во јавниот сектор и обезбедување подобри услови за работат и квалитетни јавни услуги. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатот кој го возеше Палчо до Белград сведочеше на судењето за убиствата на Вања и Панче

Во скопскиот Основен кривичен суд денеска (13 ноември) се одржа ново рочиште од судскиот процес за убиствата на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Беа сослушани неколку сведоци, меѓу кои и адвокатот Васко Стојков, кој го возеше првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо до Белград. Зборувајќи за причините зошто заминале за Србија, адвокатот рече дека Палевски кажал оти сака да го среди проблемот со кичмата и планирал доколку е потребно оттаму да замине за Турција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците ја извршија шестата јавна егзекуција откако се вратија на власт

Талибанците денеска (13 ноември) егзекутираа маж осуден за убиство на спортски стадион, што беше шеста јавна егзекуција откако радикалната исламистичка група се врати на власт во Авганистан во 2022 година. Егзекуцијата била во градот Алез, главниот град на источната провинција Пактија. Таа била извршена со пиштол од кој пукал член на семејството на жртвата. Практиката на одмазднички казни, кои како во случајов може да вклучуваат јавни убиства од страна на семејствата на жртвите, го одбележа и... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нетанјаху: Уште еден напад врз Израел ќе ја парализира економијата на Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку видеопорака им се обрати на Иранците предупредувајќи ги дека трет ирански напад врз Израел ќе ја „парализира нивната економија“. „Тоа ќе ве лиши од многу повеќе милијарди долари“, рече Нетанјаху говорејќи на англиски јазик. Тој тврди дека иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на 1 октомври го чинел Техеран 2,3 милијарди долари. Ваквата порака од израелскиот премиер може да се протолкува и како закана дека доколку Иран повторно нападне, Израел... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Иран уверува дека извозот на нафта ќе продолжи и покрај изборот на Трамп

Иран вели дека има мерки за да се осигура дека ќе продолжи да произведува и извезува нафта, дури и ако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Техеран откако ќе ја преземе функцијата во јануари. За време на неговиот прв мандат во 2017-2021 година, Трамп се повлече од историскиот нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили и повторно воведе санкции како дел од политиката за „максимален притисок“ на неговата администрација против Техеран. Како резултат на тоа, производството... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиската опозиција го напушта парламентот поради наводната изборна измама

Грузиската проевропска опозиција се повлече од новиот парламент, официјално откажувајќи се од своите мандати добиени за време на „спорните“ избори на 26 октомври, кои одбива да ги признае поради обвинувањата за широка измама и руско мешање. Опозицијата одржува големи секојдневни протести во Тбилиси, откако партијата Грузиски сон која важи за блиска до Москва, победи со 54 отсто од гласовите. Грузиската проевропска претседателка Саломе Зурабишвили, исто така, одби да ја признае валидноста на резултатите и повика на нови избори. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Германската екстремна десница АфД останува под истрага до изборите

Германските разузнавачки агенции ќе продолжат со истрагата за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) до изборите во февруари, изјавија извори за агенцијата ДПА. Партијата - која во моментов е втора во анкетите - беше класифицирана од безбедносните служби како осомничена десничарска екстремистичка група, дозволувајќи им на полицајците да продолжат да ги следат нејзините активности, вклучително и преку употреба на надзор и информатори. Томас Халденванг, претседател на домашната... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Новата болница во Штип пропаѓа, се бара решение

Осум ипол години огромниот објект на новата болница во Штип стои празен - работници последен пат влегле тука во 2017. Во меѓувреме, внатре почнало да пропаѓа и тоа што било направено. Мицкоски најави дека се работи на медицинско-техничко-економски модел и очекува од 2025 да продолжи изградбата.

SlobodnaEvropa.mk 

Средба Давкова-Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени-КОП29 во Баку, Азербејџан. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Двајцата соговорници... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Средба Бајден-Трамп во Белата куќа

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска (13 ноември) во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација, јави ДПА. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Делови од Шпанија во опасност од обилни врнежи и поплави

Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби денеска (13 ноември) ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат катастрофи во форма на поројни врнежи и ниски температури, поради што е издадено црвено предупредување за областа. Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет, денеска издаде црвено предупредување за Малага и јужниот дел на Тарагона, пишуваат шпанските медиуми. Агенцијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Скопје плаче за ослободување од „современите окупатори“

Од загадениот воздух до јавниот превоз и комуналната хигиена, непланската урбанизација, па се до финансиските долгови и политичките пресметки е она што граѓани и советници го посочуваат како проблеми од кои треба да се ослободи Скопје, градот кој денеска, 13 ноември, одбележува јубилејни 80 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп ги назначи Маск и Рамасвами да раководат со одделот за владина ефикасност

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп  ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами за одговорни за новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, давајќи му уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот, пренесува Ројтерс. Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Рамасвами заеднички ќе го водат новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата. „Тој ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да го намали... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска (13 ноември) во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.  На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска (13 ноември), во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот. Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот... Читать дальше...