World News in Macedonian
Март
2025

Новости за 01.03.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Вучиќ смета дека паѓа поддршката за протестите низ Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека има „значителен пад на поддршката“ за протестите што се одржуваат низ Србија по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, пренесе агенцијата Бета. Вучиќ не наведе на што го темели ваквиот заклучок. Тој додаде дека „сега треба да се собираат од цела Србија на едно место за да одржат големи случувања“, алудирајќи на собирот што денеска се случува во Ниш. Исто така, порача и дека „додека е жив, нема да дозволи власта да се избира на улица“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ристески: Откриени неправилности кај маркети, можно е и затворање

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) констатирале повеќе неправилности за време на контролите кај трговците на мало спроведени изминатите денови, откри заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Тој најави дека можно е да има и најстроги казни за дел од нив – затворање маркети. Како што рече, на терен се 50-тина тимови од ДПИ. „Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на означување на намалените производи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

КСОМ апелира власта да помогне за високите сметки за струја

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) апелираат Владата и Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што граѓаните ги добиваат за електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН. На прес-конференција на 1 март, претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, рече дека до нив секојдневно пристигнат поплаки од граѓани кои се жалат на високи сметки и ненавремено читање на саатите од страна на службите лица на ЕВН. „Грабежот треба да престане. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За инцидентите по масовниот протест во Атина приведени над 200 лица

За инцидентите што се случија вчера (28 февруари) во центарот на Атина по завршувањето на еден од најмасовните протести во последните години, грчката полиција привела 220 лица. За време на немирите, над 60 лица биле повредени, јави дописничката на МИА. Во Грција вчера се одржа 24-часовни демонстрации преку кои граѓани побараа кривично гонење на одговорните за железничката несреќа што се случи пред точно две години кај Темпи февруари пред две години, а во која загинаа 57 лица. Од грчката полиција соопштија дека околу 700 лица... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОЈО Скопје издаде насоки за итно постапување при сообраќајки

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје издало конкретни насоки за поефикасно постапување во ситуациите кога има загрозување на безбедноста во сообраќајот и има основ за кривично гонење на сторителите. Информацијата ја објавија од прес-службата на обвинителството од каде велат дека одржале координативен состанок со скопската полиција откако изминатиот период Министерството за внатрешни работи (МВР) речиси секојдневно објавува податоци кои укажуваат дека има зачестеност на прекршоци и кривични дела од областа на сообраќајот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Санкциите на ЕУ за Косово: застој со долгорочни последици

Санкциите на Европската унија не ја принудија Владата на Косово да го промени својот курс, но тие влијаеја на благосостојбата на граѓаните. Без јасен консензус во Европската унија за тоа кога тие би можеле да бидат укинати, неизвесноста продолжува. Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија сè уште одбива да ги укине овие мерки, и покрај постојаните барања од Приштина и Европскиот парламент. Во одговорот за Радио Слободна Европа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сиљановска-Давкова и Радев имале телефонски разговор

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера (28 февруари) имала телефонски разговор со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев. За разговорот информираа од кабинетот на Радев наведувајќи дека двајцата разговарале за „важноста на конструктивниот дијалог на високо ниво меѓу двете земји, вклучително и во мултилатералните формати“. „Овој дијалог е од особено значење и за градење стабилна основа за развој на билатералните односи и за справување со регионалните и глобалните... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ниш под 18-часовна блокада од студенти и граѓани

Во 9 часот утрото на 1 март, во Ниш, најголемиот град на југот на Србија, започна блокада на централните градски улици. На протест повикаа студентите, а во претпладневните часови им се придружија и други граѓани. Планирано е блокадата да трае 18 часа, односно да заврши во 3 часот по полноќ. Центарот на градот е затворен за сообраќај, а граѓаните на Ниш од утрово поставија штандови со храна и пијалаци за учесниците во демонстрациите. Блокадата се одржува на точно четири месеци по несреќата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Курдската работничка партија прогласи прекин на огнот со Турција

Забранетите курдски милитанти денеска (1 март) прогласија прекин на огнот со Турција откако затворениот лидер на Курдистанската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, повика групата да се распушти. Ова беше прва реакција од ПКК откако Оџалан претходно оваа недела повика на распуштање и побара групата да го остави оружјето по повеќе од 40 години борба против турската држава. „Со цел да го отвориме патот за имплементација на повикот за мир и демократско општество, од денеска прогласуваме прекин на огнот“... Читать дальше...