World News in Macedonian
Апрель
2025

Новости за 13.04.2025

SlobodnaEvropa.mk 

САД планира договор за технологија за нуклеарна енергија со Саудиска Арабија

Соединетите Држави ќе потпишат прелиминарен договор за цивилна нуклеарна технологија со Саудиска Арабија, најави на 13 април американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, означувајќи значаен чекор во врските меѓу двата сојузници. Се верува дека договорот е дел од американските напори за поттикнување на нормализацијата меѓу Израел и богатата со нафта Саудиска Арабија. Следниот месец кралството треба да биде дестинација на првото патување во странство на претседателот Доналд Трамп по преземањето на функцијата за неговиот втор мандат. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Османи:Судан го призна Косово

Судан, земја на североистокот на Африка, ја призна независноста на Косово во саботата, објави косовската претседателка Вјоса Османи. Таа во објава на социјалната мрежата Х порано позната како Твитер изјави дека Косово и Судан се договориле да воспостават дипломатски односи. „Ова е почеток на едно големо партнерство“, напиша Османи. Признавањето од Судан е второ за неколку недели за Косово, откако на крајот на март го призна уште една африканска земја, Кенија. Во видеото заедно со суданскиот министер... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Коцевски: Ниту една инспекција не стапнала во кочанската дискотека „Пулс“

Вкупно 45 луѓе и три фирми се опфатени со проширената истрага на Обвинителството за системски пропусти кои доведоа до тешки последици од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани каде што загинаа 61 лице. Истрагата не е готова, таа ќе трае уште најмалку два месеца, најави државниот обвинител.

SlobodnaEvropa.mk 

Израелски ракети погодија болница во Газа, пациентите се евакуирани

Две израелски ракети погодија зграда во главната болница во Газа, уништувајќи ја собата за итни случаи и одделот за прием и оштетувајќи други објекти, известија лекарите. Здравствените службеници во Арапската баптистичка болница Ал-Ахли ги евакуирале пациентите од зградата откако едно лице изјавило дека добило повик од некој кој се идентификувал како дел од израелските безбедносни служби непосредно пред нападот, јавува новинската агенција Ројтерс. Нема пријавени жртви, соопшти службата за итни случаи. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД и Иран договорија повторна средба по „конструктивните“ разговори во Оман

Иранските и американските преговарачи се согласија на втор круг разговори на високо ниво за нуклеарната програма на Техеран следната недела, по состанокот на 12 април, кој траеше повеќе од два часа од она што двете страни го опишаа како „позитивна“ и „конструктивна“ сесија. „Дискусиите беа многу позитивни и конструктивни“, соопшти Белата куќа по состанокот во главниот град на Оман, Мускат. Во соопштението е посочено дека специјалниот американски пратеник Стивен Виткоф „ има инструкции од претседателот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Паметните телефони ослободени од „реципрочните“ тарифи на Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги ослободува паметните телефони, компјутерите и другата електроника од своите „реципрочни“ тарифи, што би можело да помогне да се одржат ниски цените на популарната електроника за широка потрошувачка што вообичаено не се произведува во САД. Овој потег, може да биде од корист за технолошките гиганти како Ејпл (Apple) и Самсунг (Samsung) и производителите на чипови како Нвидиа (Nvidia). Царината и граничната заштита на САД соопштија дека предметите како паметни телефони... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сончев ден со слаб ветер

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 22 степени. Според прогнозата на УХМР, од утре (понеделник) следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку седум луѓе загинаа при израелски напади во Газа

Најмалку седум луѓе загинаа при израелски воздушен напад врз автомобил во центарот на Појасот Газа, јавуваа германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на на палестински медицински извори. Инцидентот се случил во градот Деир ал Балах, велат тие. Првично не беше објавен идентитетот на жртвите. На прашањето, израелската војска рече дека го истражува извештајот. Информациите од Појасот Газа првично не можеа да бидат независно проверени. Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по пропаѓањето на прекинот на огнот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Касами: Без Таравари, ВЛЕН тежи исто колку и со него

Најголем губитник ќе биде оној што ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, вели во интервју за РСЕ, Биљал Касами, претседателот на БЕСА за неговиот партнер во ВЛЕН, Арбен Таравари по несогласувањата во коалицијата и критиките од лидерот на Алијанса за Албанците за нејзиното функционирање како дел од Владата.

SlobodnaEvropa.mk 

Касами: Комуникацијата со Дака за Шик Јелак престана откако е на црната листа

Општина Тетово во договор со Владата, работи на нов детален урбанистички план за Шик Јелак, во кој како што вели градоначалникот Биљал Касами, поголемиот дел е државно земјиште, а помал дел е во сопственост на Црногорецот Миодраг Давидовиќ - Дака, кој е на црната листа на САД. Во новиот план на државната земја ќе се нацртаат нови институции, училишта, градинки, паркови.