World News in Macedonian
Октябрь
2025

Новости за 13.10.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп и лидерите од Блискиот Исток потпишаа документ за мир во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави, како што рече, „одличниот ден за Блискиот Исток“ откако тој и регионалните лидери на 13 октомври потпишаа декларација во за зацврстување на прекинот на огнот во Појасот Газа, неколку часа откако Израел и Хамас разменија заложници и затвореници. По кратката посета на Израел, каде што го пофали премиерот Бенјамин Нетанјаху во говорот пред израелскиот парламент, Трамп отпатува во Египет на самит за Газа, каде што тој и лидерите на Египет, Катар и Турција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Апел до фон дер Лајен за медиумската слобода на Западен Балкан

Меѓународната коалиција за слобода на медиумите, слобода на изразување и новинарски организации ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на нејзината посета на Западен Балкан оваа недела да се осврне на кризата со слободата на медиумите во регионот, соопшти Меѓународниот институт за печат (IPI) на 13 октомври. ИПИ соопшти дека меѓународните организации од октомври минатата година регистрирале „исклучителни притисоци врз слободата на медиумите низ целиот регион“, истакнувајќи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нобеловата награда за економија за објаснување на економски раст поттикнат од иновации

Нобеловата награда за економија им беше доделена на Џоел Мокир, Филип Агион и Питер Ховит за нивното објаснување за економскиот раст поттикнат од иновации. Како што е наведено, Мокир ја доби наградата за идентификување на предусловите за одржлив раст преку технолошки напредок. Агион и Ховит ја добија наградата за нивната теорија за одржлив раст преку креативно уништување. Шведската академија на науките наведе дека победниците објаснуваат како иновациите влијаат врз напредокот. „Лауреатите покажаа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Стотина повредени во судир на два воза во Словачка

Најмалку 100 лица се повредени во судирот на два воза што се случи денеска (13 октомври) во близина на селото Јаблонов, во Турња, Словачка, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила околу 10 часот, на местото каде што се вкрстуваат две железнички пруги. Поради силата на ударот, вагоните излетале од шините, а едниот од нив останал да виси над длабок ров. Портпаролот на словачката железничка компанија, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште се истражува. „Приоритет во моментов е... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Струшкиот градоначалник Мерко доби две години условна и 2500 парична казна за незаконско поставување директори

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2500 евра за ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Условна казна од две години доби и првообвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи. Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го повторат делото во рок од две години, ќе следува една година ефективна затворска казна. Обвинетата Шеи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Намалени казни за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“

Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени казни за обвинетите во споредба со првостепената од 2022 година. Во повторената постапка, обвинетиот Бојан Јовановски - Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години. Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор за „перење пари“, при што во казната се засметува времето поминато во куќен притвор. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нетанјаху нема да му се придружи на Абас на самитот за Газа во Египет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да патува на мировниот самит за Газа во Египет во понеделник, соопшти неговиот кабинет, спротивно на претходните извештаи на израелските медиуми и соопштението од египетското претседателство. Во соопштението од неговиот кабинет се вели дека Нетанјаху му се заблагодарил на американскиот претседател Доналд Трамп за поканата за Египет, но нема да може да го оствари патувањето поради временски ограничувања пред еврејскиот празник Симхат Тора (Радоста на Тората). Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Локалните избори тест за државата: Ќе даде ли право на „глас“ на граѓаните со попреченост?

Ги бараат гласовите од целиот електорат, но сите граѓани не можат да стигнат до избирачките места. За политичарите, граѓаните со попреченост се граѓани од втор ред – коментираат нивните здруженија. Тие нотираа дека во 2020 година, 76 проценти од избирачките места не биле пристапни, но и во пресрет на овие избори, ситуацијата велат не е променета.

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на ЕУ усвои нови правила за побезбедни детски играчки

Советот на ЕУ ја одобри конечната верзија на Регулативата за безбедност на играчките, со која се зајакнуваат безбедносните правила, се зголемува заштитата на децата од штетни хемикалии и се промовира користењето на дигитални пасоши за производите, со цел полесна контрола на почитувањето на мерките. Со новата Регулатива за безбедност на играчките се забранува или ограничува употребата на неколку опасни хемиски супстанции во производство на играчки, како оние кои го нарушуваат работењето на ендокриниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Фон дер Лајен во Тирана ја започнува турнејата низ Западен Балкан

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ја започнува својата турнеја низ Западен Балкан со средби со функционери во Тирана. Претседателката на ЕК, како што беше најавено во Брисел, сака да ја повтори својата поддршка за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното пристапување на регионот кон единствениот пазар на ЕУ, објави Бета. За време на посетата, фон дер Лајен ќе разговара за Планот за раст на регионот од шест милијарди евра за периодот 2024-2027 година... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хамас ги ослободи сите 20 заложници, меѓу нив и српскиот државјанин Алон Охел

Уште една група од 13 израелски заложници беше ослободена од заробеништвото на Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација. „На пат сме кон израелската армија“, изјави висок функционер на Црвениот крст за „Тајмс оф Израел“. Израелската армија потврди, како што објавија медиумите, дека Црвениот крст ја информирал армијата дека пред некое време зела 13 заложници од Хамас во јужниот дел на Газа. Претходно, седум заложници, меѓу кои и српскиот државјанин Алон Охел, беа ослободени според... Читать дальше...