Родителите на жртвите од пожарот во „Пулс“ бараат одговори од Обвинителството
Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска, на 33. „Марш за ангелите“, му се обратија на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, барајќи објаснување зошто е пробиен рокот за поднесување обвинение против полициските службеници опфатени со истрагата. Тие посочија дека, водејќи се од начелата на владеење на правото, законитост и еднаквост пред законот, покажале трпение и во изминатиот период од три плус три месеци не побарале информации за текот на постапката. Читать дальше...