World News in Macedonian
Февраль
2026

Новости за 13.02.2026

SlobodnaEvropa.mk 

Кривична пријава против ексградоначалник на Чашка - исплаќал плати и бонуси спротивно на закон

СВР Велес поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Како што соопшти полицијата, додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 вработени во општината им исплаќал пари по основ на плата за кариера кај државен службеник. За место што според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г. С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Големите хотели наскоро „објекти од државно значење“?

Хотелите можеби наскоро ќе добијат ист урбанистички третман како болниците – побрзи дозволи за градба и државен приоритет. Власта зборува за развој на туризмот, но експерти и активистите предупредуваат дека јавниот интерес останува во сенка на бизнис интересите. НВО Охрид СОС се сомнева дека измените се прават наменски, да се задоволи интересот на странски инвеститор.

SlobodnaEvropa.mk 

Цвета Ристовска поднесе оставка од ДКСК

Цвета Ристовска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска, 13 февруари поднесе оставка од функцијата. „Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга оформи предмет по информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот, со цел да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Како што информираат од Обвинителството, во координација со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга при Министерството за внатрешни работи (МВР), издадена е наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Што значи блокирањето на WhatsApp и Telegram за милиони Руси?

Со години, руските власти настојуваа да создадат „суверен интернет“ - оградена градина каде што Русите можат да пребаруваат ограничени или цензурирани информации под будниот владин надзор. Тоа вклучува построги регулативи за компании како Google и Facebook; нови алатки за владин надзор; контрола на доминантните веб-портали; ограничување на популарните страници, како што е YouTube; и создавање супер апликација контролирана од државата. Оваа недела, официјалните лица направија голем чекор кон завршувањето... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Поголем пристап до американскиот пазар: Договор за фер трговија меѓу САД и Северна Македонија

САД и Северна Македонија постигнаа согласност за рамковен договор за фер и реципрочна трговија, со кој се отвораат нови можности за извозниците и се продлабочува билатералната економска соработка. Според договорот, Скопје ќе ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД, додека Соединетите Држави ќе задржат 15% тарифи за дел од македонските производи, со можност одредени производи да добијат нулта стапка. Во објава на Фејсбук, министерот за надворешни работи Тимчо... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дали Иран ќе се откаже од ракетната програма за да постигне договор?

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја нагласи дипломатијата со Иран по средбата на 11 февруари со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Но, експертите велат дека подлабокиот спор можеби не е насочен кон нуклеарната програма на Иран, туку кон неговите проширувачки ракетни капацитети. По средбата, Трамп сигнализираше дека преговорите со Техеран треба да продолжат. Нетанјаху, сепак, инсистираше ракетната програма на Иран формално да биде вклучена во кој било договор - нешто што Техеран постојано го отфрла. Читать дальше...