World News in Macedonian
Март
2026

Новости за 13.03.2026

SlobodnaEvropa.mk 

„Нула камата“ во рекламите, нула казни од институциите

Предупредување добија фирмите за брзи кредити да престанат со манипулативни реклами, или во спротивно ќе се соочат со казни. Ова предупредување од Министерството за финансии пристигна по надзор во финансиските друштва, при што инспекторите откриле повеќе неправилности, меѓу кои и рекламирање кредити со „0 проценти камата“, иако во договорите со клиентите биле предвидени дополнителни трошоци. Но, по мала прошетка низ центарот на главниот град се забележливи рекламните билборди со познати актери кои... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јаневска: Нема да го повлечеме законот за високо образование

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека не размислува за повлекување на законот за високо образование и негова доработка. Таа најави дека работната група која го подготвува че се сретне уште еднаш, а потоа ќе биде пуштен во владина постапка. На професорите кои бараат повлекување на законот, министерката им порача дека имаат две можности. „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв дека во иднина нема да можат да ги исполнат условите кои законот ги бара. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израел ги проширува нападите врз Либан

Израел ги прошири своите напади во Либан во петок, 13 март, таргетирајќи повеќе области, вклучувајќи го и мостот над реката Литани, за кој рече дека Хезболах го користел како премин за своите борци. Нападите се случија откако Израел се закани дека ќе спроведе и копнена операција за разоружување на Хезболах доколку либанската влада не го стори тоа. Милитантната група со седиште во Либан започна нови напади врз израелските сили во петокот, на 14-тиот ден од војната на Блискиот Исток. Израел таргетирал... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Kлиматските промени ја забавуваат земјината ротација

Истражувачи од Австрија и Швајцарија го гледаат значителното забавување на ротацијата на Земјата како потврда дека климатските промени влијаат на должината на денот на нашата планета. Ротацијата моментално се продолжува за 1,33 милисекунди на век, што е едвај забележливо во секојдневниот живот, но студијата објавена во петок, 13 март наведува дека продолжувањето на денот може да влијае на прецизното мерење на времето и навигацијата во вселената, кои се потпираат на ротацијата на Земјата. Во училиште... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Соборен американски авион, убиен француски војник во Ирак - се шират последиците од војната во Иран

Голем американски авион за полнење гориво се урна во Ирак по очигледен судир со друг авион, а француски војник бил убиен во регионот Курдистан во земјата, додека двенеделната американско-израелска војна против Иран продолжи да се прелева преку регионалните граници. Централната команда на САД, која е одговорна за американските сили на Блискиот Исток, доцна на 12 март соопшти дека авион за полнење гориво KC-135 се урнал во западен Ирак, што предизвика голема операција за спасување од страна на американската војска. Читать дальше...