World News in Macedonian

Јуратовиќ оптимист за отворање на преговори со ЕУ

Германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ денеска изјави дека на крајот на септември или почетокот на октомври ќе се одржи седницата на Бундестагот на која на дневен ред би било прашањето за отпочнување преговори со Република Северна Македонија и оти е оптимист дека одлуката ќе биде позитивна. Јуратовиќ, заедно со своите колеги од групата за пријателство беше на средби во Собранието на Република Северна Македонија.


“ЕК веќе даде зелено светло, сега треба и Советот на ЕУ, но помеѓу нив има еден технички процес, нешто што малку се подзаборави и некаде се изгуби, а тоа е дека помеѓу давањето зеленото светло од ЕК и донесувањето на одлука во Советот на ЕУ, на ред се националните парламенти, бидејќи Парламентот е оној кој ја донесува одлуката и е највисокиот државен орган и тој всушност го дава налогот на владата која треба да го изврши”, рече Јуратовиќ.


Пратениците од германскиот Бундестаг денеска имаа средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со пратеничката група за пријателство, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски и Шпреса Хадри од Комисијата за европски прашања.


По средбата Милошоски рече дека истакнале дека датумот за опточнување преговори доцни десет години откако во 2009 година ја добивме првата препорака и оти граѓаните го залужуваат тоа за интеграција во Европа.

Читайте на сайте