World News in Macedonian

Хаменеи со порака до Јапонија дека Иран нема да преговара со САД

Иранскиот Врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи му соопштил на јапонскиот премиер Шинзо Абе дека неговата земја нема да го повтори „горчливото искуство“ во преговорите со САД.


Хаменеи на посетата со Абе во Техеран порачал и дека американскиот претседател Доналд Трамп не е „достоен за каква било размена на пораки и дека нема никаков одговор за него, ниту сега, ниту во иднина“.


Тој изјави и дека ветувањето на Трамп оти нема да бара промена на режимот во Иран е лага и оти не верува во понудата на Вашингтон за искрени преговори со Иран.


 


 

Читайте на сайте