World News in Macedonian

Уставниот суд на Украина го поддржа указот за вонредни избори

Уставниот суд на Украина пресуди во корист на указот на претседателот Володимир Зеленски за распуштање на парламентот и распишување вонредни избори. Одлуката на судот го отвора патот парламентарните избори да бидат одржани на 21 јули, околу четири месеци пред редовните. Зеленски на 21 мај, ден по преземањето на функцијата, го распушти парламентот и распиша предвремени избори за 21 јули. Одлуката на Уставниот суд е обврзувачка.

Читайте на сайте