World News in Macedonian

Украинскиот суд му дозволи на Сакашвили да се кандидира на избори

Украинскиот суд донесе одлука дека поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили може да се кандидира на парламентарните избори во земјата закажани за 21 јули. 51 годишниот Сакашвили објави видео на Фејсбук во кое ја прочита пресудата.


Согласно изборниот законик, кандидатите за парламентарни избори мора да бидат државјани на Украина најмалку пет години. Судот соопшти дека Сакашвили бил жител на Украина од 23 февруари 2014 година до 6 јуни, 2019 година, иако беше депортиран пред една година и му беше одземено државјанството врз основа на декретот потпишан од експретседателот Петро Порошенко.

Читайте на сайте