World News in Macedonian

Макрон со критика за неуспехот на ЕУ да постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска упати критика по неуспехот на самитот на ЕУ да се донесе одлука за клучните позиции во европскиот блок. Но, тој додаде и дека се надева на договор на утрешните разговори.


„Денешниот ден заврши со неуспех и тоа е многу лоша слика и за Советот и за Европа. Јасно е дека овој неуспех се сведува понекогаш на лични амбиции“, порача Макрон.


Лидерите на земјите-членки на ЕУ беа блиску до договор за холандскиот социјалист Франс Тимерманс да ја преводи Европската комисија. Но, тоа е само една од петте позиции за кои се разговара, вклучувајќи го и претседателот на Европската централна банка.


Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека кандидатот на земјата Кристалина Ѓорѓиева е надвор од трката за функцијата претседател на Европскиот совет.


 


 


 

Читайте на сайте