World News in Macedonian

Европските лидери без договор за клучните позиции

Лидерите на ЕУ не успеале да се договорат за клучните позиции во европскиот блок. Откако разговорите на самитот на ЕУ беа прекинати, според официјални лица, главниот проблем бил „целиот пакет“. Дипломатски извори соопштија дека имало резервираност од Италија, Хрватска, Латвија и Унгарија кои го спречиле договорот.


Меѓу имињата кои беа во игра се холандскиот социјалист Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија, централно десничарката Кристалина Ѓорѓиева за претседател на Европскиот совет, белгискиот премиер Чарлс Мајкл за шеф за надворешна политика на ЕУ и Манфред Вебер од Европската народна партија за претседател на Европскиот парламент.


 


 

Читайте на сайте