World News in Macedonian

Од денеска домаќинствата ќе добиваат струја од универзален снабдувач

Домаќинствата и малите претпријатија кои не излегоа на либералниот пазар на струја од денеска ќе добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач ЕВН Хоум - компанија која произлезе од ЕВН Македонија, и победи на тендерското наддавање.


Новооформената компанија ќе ги снабдува со електрична енергија сите домаќинства кои не избрале снабдувач на либералниот пазар како и бизниси со помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра кои не избрале свој снабдувач.


ЕВН Хоме ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните пет години.


“ Корисниците на ЕВН Хоме ќе продолжат да ги добиваат истите услуги како и досега, користејќи ги истите поволности, дополнителни услуги и канали за комуникација”, информираат од ЕВН Хоме.




 

Читайте на сайте