World News in Macedonian

Објавен составот на новата грчка влада

Портпаролот на грчката влада од Генералниот секретаријат за медиуми го соопшти составот на владата на Кирјакос Мицотакис. Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.


Алтернативен министер за надворешни работи надлежен за европски прашања е Милтиадис Варвициотис, заменик министер за надворешни работи одговорен за економска дипломатија е Костас Франкојанис, а заменик МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис.


Заменик претседател на владата е Панајотис Пикраменос, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Грција и поранешен службен грчки премиер, а владин портпарол Стелиос Пецас, кој беше директор на кабинетот на Мицотакис во Нова демократија.


Членовите на новата грчка влада утре во 12 часот ќе положат свечена заклетва, потоа во министерствата ќе има примопредавање на функциите, а в среда ќе се одржи првата владина седница.


За претседател на Парламентот што почнува со работа на 17 јули, владата го предлага Константинос Тасулас.

Читайте на сайте