World News in Macedonian

Украинскиот Парламент одобри хемиска кастрација на педофили

Украинскиот Парламент усвои нов закон со кој се дозволува хемиска кастрација на педофили. Хемиската кастрација не вклучува операција, туку примање на лекови. Процедурата, согласно законот, нема да биде спроведена на помлади од 18 години и на постари од 65 години.


Новиот закон предвидува и казни до 15 години затвор за силување на малолетни лица и до 5 години затвор за застрашувачки дејства врз малолетни лица. Хемиската кастрација на педофили е легална во многу земји, како Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Израел, потоа во Казахстан, Норвешка, Шведска и САД.


 

Читайте на сайте