World News in Macedonian

Инженери креираат робот кој ќе извршува човечки гласовни команди

Американската компанија „Амазон“ развива робот кој ќе го слуша гласот на својот „господар“, објави „Дејли мејл“. Роботот моментално е во фокусот на оваа компанија и најдобрите инженери биле повлечени од останати проекти за забрзано да работат на развојот на овој робот.


Инженерите, засега, не откриваат никакви детали, освен дека роботот се вика Веста и дека ќе биде висок до „половината на човекот“, дека ќе реагира на гласовни команди и ќе биде опремен со повеќе камери за да може да се снаоѓа во просторот.

Читайте на сайте