World News in Macedonian

Алтернатива на Гаши почнува формална соработка со партијата на Ердоган

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши деновиве престојува на официјална посета на Анкара во чии рамки се сретнал со генералниот заменик претседател на АК Партија (Партија на Правда и Благосостојба), Нуман Куртулмуш, информираат од Алтернатива.


“Оваа средба се реализира со цел воспоставување на формална соработка помеѓу Алтернатива и АК Партија, како две десничарски партии. Двете страни се договорија дека соработката треба да се развие и да се продлабочи понатаму и во најкраток рок да се формализира и преку потпишување на меморандум за соработка”, соопштија од партијата.


Алтернатива која е дел од владината коалиција во земјава неодамна се формираше откак партија Беса се поддели на две крила и едното на Биљаљ Касами остана во опозицијата. Во делегацијата со Гаши во Турција, како што информираат од партијата, се и министерот за култура, Хисни Исмаили и портпаролот на Алтернатива – воедно директор на Македонски железници – Траснпорт, Орхан Муртезани.

Читайте на сайте