World News in Macedonian

Владата им препорача на општините да го отстранат симболот на Сонцето на Вергина од јавните места

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа  да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба, односно да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.


Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница Владата разгледала и усвоила информација за примена на член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Читайте на сайте