World News in Macedonian

Кина одби два американски воени брода да дојдат до Хонг Конг

Официјален Пекинг го одби барањето два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг во следните недели, соопштија американски функционери кои сакаа да останат анонимни, објави новинската агенција Ројтерс. неименуваните извори велат дека бродот „Грин беј“ побарал дозвола да го посети Хонг Конг кон крајот на месецов, додека крстосувачот „Лејк Ири“ побарал одобрување за посета во септември.


Еден од функционерите додаде дека конкретна причина за одбивањето не е наведена, но дека таквот потег не е без преседан. Слично барање Кина веќе одбила во ноември 2018 година, објави Ројтерс.


Политичката криза во Хонг Конг кој е под кинеска управа се продлабочува, а вчера полицијата се судри со демонстрантите кои го блокираа терминалот на меѓународниот аеродром.

Читайте на сайте