World News in Macedonian

Македонски војници на вежба на НАТО во Германија

Северна Македонија учествува со 50 војници во тековната вежба на НАТО, „Комбинирана решителност XII“ во Заедничкиот мултинационален центар за подготвеност во Графенвор и Хоенфелс, Германија.


Американскиот генерал мајор Кирк В. Смит на денешниот брифинг, организиран од регионалниот центар за медиуми во Брисел, порача дека Северна Македонија е силен партнер во мисиите на НАТО. Според него, македонската армија покажала дека е способна и професионална и изрази надеж дека соработката ќе продолжи во иднина.


Бригадниот генерал Методи Хаџи-Јанев, командантот за специјални оперативни сили на АРМ истакна дека вежбите придонесуваат за подготвеноста на земјата за членството во НАТО и зајакнување на капацитетите на армијата. Во вежбите учествуваат околу 5000 војници од 21 земја.

Читайте на сайте