World News in Macedonian

Мета смета дека Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово - Србија

Албанскиот претседател Илир Мета изјавил дека Албанија не може да биде дел од дијалогот помеѓу Косово и Србија, објавија локалните медиуми, а пренесоа новинските агенции.


Во интервју за телевизијата РТВ-21, Мета вели дека дијалогот меѓу Приштина и Белград треба да заврши на најдобар начин за двете земји, но и за целиот регион.


„Албанија не може да биде дел од дијалогот меѓу Косово и Србија, оти секаква интервенција од Албанија во овој дијалог или во одредени теми од дијалогот, практично претставува кршење на независноста и легитимитетот“, вели Мета.

Читайте на сайте