World News in Macedonian

Трамп пак заедно со Пенс во трка за нов мандат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го задржи потпретседателот Мајк Пенс како свој кандидат кога ќе побара реизбор на изборите во ноември 2020 година, објави „Ројтерс“.


„Јас сум многу задоволен од Мајк Пенс“, изјави Трамп пред новинарите.


Трамп очекува лесно да ја добие номинацијата на републиканците за неговиот втор претседателски мандат. Пенс стана потпретседател на САД во 2016 година, а пред тоа беше републикански гувернер на Индијана.

Читайте на сайте