World News in Macedonian

Дијалогот Белград - Приштина продолжува во декември

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина во најдобар случај ќе продолжи во декември.



„Тешко може да се очекува тоа да се случи пред одржувањето на изборите (во Косово), за кои верувам ќе бидат на 6 октомври, иако се уште не се распишани. Тоа значи, во најдобар случај, на почетокот на декември, но пред тоа е важно да се зборува за укинување на таксите“, истакна Вучиќ по неговата средба со Њујорк со американскиот државен секретар Мајк Помпео.



Српскиот претседател додаде дека, како што рече, „и парите и времето се важни, имајќи предвид одредени политички факти“.


„Ако успееме во тие пет месеци и натаму да го сочуваме мирот, тоа и не е толку проблем. Сеедно, статус кво е невозможно затоа што кога ќе пукне една пушка, тогаш никој не може да го запре грмењето на топовите“, оцени Вучиќ.

Читайте на сайте