World News in Macedonian

Јанева приведена по барање на Обвинителство

Специјалната обвинителка Катица Јанева пред малку беше приведена од полицијата по барање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдуваат оттаму.


Повеќе детали најавија дека ќе соопштат на прес конференција во 14 часот. Нејзиното приведување значи дека статусот кој до вчера го имаше како сведок за предметот „Рекет“ денеска е сменет во осомничена.


Таа е однесена во Основниот суд Скопје 1 каде што треба да се појави пред судија на претходна постапка.


Таа беше приведена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева вчера во Јавното обвинителство даваше исказ во присуство на адвокат. 


 


 


 

Читайте на сайте