World News in Macedonian

Данска запрепастена од одлуката на Трамп да ја откаже посетата на земјата

Данска остана запрепастена од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи посетата на државата, откако данската влада го одби предлогот да ја продаде на САД автономната данска територија Гренланд.


Данската кралска куќа денеска изрази „изненаденост“, додека премиерката Мете Фредериксен изјави дека бил „разочарана.“


Трамп требаше да ја посети Данска на 2 септември на покана на данската кралица Маргарета Втора.


Пред посетата тој посочи дека САД се заинтересирани да го купат Гренланд – предлог кој Фредериксен го опиша како „апсурден.“


Додека Трамп ја опиша Данска како „многу посебна земја“, тој на Твитер денеска објави дека планираната посета нема да се случи бидејќи Фредериксен немала интерес да разговара за купување на Гренланд.


 

Читайте на сайте