World News in Macedonian

Убиени двајца војници на САД во Авганистан

Двајца војници на САД се убиени во Авганистан, соопшти Мисијата на НАТО „Решителна поддршка“. Двајцата членови на службата биле „убиени во акција“, се вели во денешното соопштение.


Нивните имиња не се откриваат се додека не бидат известени нивните роднини, според политиката на Пентагон, се вели во соопштението во кое не е наведено како војниците биле убиени.


Убиствата се случуваат во услови кога американските и талибанските преговарачи требаше да ги продолжат разговорите во Катар за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан.

Читайте на сайте